Компанијата ИнБев, најголемиот производител на пиво во светот, во чија сопственост се брендовите како што се Будвајзер и Корона, изјави денес дека за да ги плати долговите ја продала нејзината австралиска компанија на јапонската фирма Асахи за 11,3 милијарди американски долари.
ИнБев, со седиште во Брисел, истакна дека скоро сите пари од бизнисот ќе бидат искористени за враќање на долгови, објави AП.
Во долгови ИнБев влезе бидејќи во 2008 година ја купи американската компанија Анхеусер-Бусч, а седум години подоцна и британскиот СабМилер.