Свет 16. август 2020. / 14:20

Најголемиот германски синдикат бара 4 дневна работна седмица

Најголемиот германски синдикат бара 4 дневна работна седмица

Најголемиот германски синдикат ( IG Metall) предложи да има четиридневна седмица , за да се заштитат работните места на луѓето во време на економскиот пад, поврзан со коронавирусот, пренесе ДПА.

Четиридневната седмица би била одговор на структурните промени во одредени сектори како што е авто индустријата . Тоа би значело дека работните места можат да бидат спасени, пренесуваат германските медиуми.

Инаку овој синдикат , кој ги претставува работниците во металургијата е најголем синдикат во Европа.