Во еврозоната бруто домашниот производ падна за 12,1 отсто во второто тримесечје оваа година, додека економијата во цела ЕУ се намали за 11,9 проценти.
Ова го покажуваат првите прелиминарни проценки на европската статистичка канцеларија Евростат.
Тоа е најголем пад откако европските статистичари ја следат економската активност од 1995.
Евростат во прелиминарните проценки за БДП објави прелиминарни проценки за 10 земји-членки, меѓу кои, Белгија, Чешка, Германија, Шпанија, Франција, Италија, Литванија, Австрија и Португалија.
Меѓу земјите за кои Евростат веќе собра податоци, најголем квартален пад на БДП се забележува во Шпанија – 18,5 отсто.
Според европските статистичари, ова е далеку најголем пад на БДП во еврозоната и ЕУ досега.