Свет 13. ноември 2020. / 16:15

Најголем број новозаболени од почетокот на пандемијата во Шведска

Најголем број новозаболени од почетокот на пандемијата во Шведска

Во Шведска денеска се регистрирани 5.990 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, што е најмногу од почетокот на пандемијата, а 42 лица починаа.

Вкупниот број на смртни случаи во таа земја сега е 6.164.

Стапката на смртност е многу поголема отколку во другите нордиски земји, кои, за разлика од Шведска, воведоа ограничувачки мерки.