Свет 15. март 2020. / 19:52

Најголем број на заболени од коронавирус во Италија од почетокот на пандемијата

Најголем број на заболени од коронавирус во Италија од почетокот на пандемијата

Во последните 24 часа починаа 368 луѓе заболени од коронавирусот во Италија, што е црн рекорд за земјата. Специјалниот комесар Анџело Борели соопшти дека во земјата има и 2.853 новозаразени, што исто така е рекорд за еден ден, а од почнувањето на кризата севкупно се заразиле 27.747 луѓе.

Вкупниот број на починати е 1.809 лица, а досегашниот црн рекорд беше остварен пред два дена, кога имаше 250 мртви за само 24 часа.

Ситуацијата е најтешка во регионот Ломбардија, каде што има нови 252 починати.

Италија веќе неколку дена е во целосен карантин, а отворени се само продавници за храна и аптеки.