Свет 12. ноември 2020. / 19:14

Најголем број на смртни случаи од Ковид-19 во Италија по 7 месеци

Најголем број на смртни случаи од Ковид-19 во Италија по 7 месеци

Во Италија во изминатите 24 часа беа регистрирани 636 смртни случаи – најмногу од 6 април, соопшти денеска Министерството за здравство на таа држава. Во изминатите 24 часа, во Италија биле регистрирани 37.978 нови случаи на заразени со новиот коронавирус.

Од почетокот на пандемијата, починале 43.589 луѓе, додека 1.066 милиони луѓе се разболеле. Министерството наведува дека во текот на претходниот ден биле тестирани 234.672 лица.

Северниот италијански регион Ломбардија останува најтешко погодената област, бидејќи во изминатите 24 часа забележа 9.291 нови случаи, што е значително повеќе од пријавените 8180 случаи вчера