Свет 07. ноември 2020. / 23:55

Најџел Фараж обвинува за двојните стандарди на медиумите

Најџел Фараж обвинува за двојните стандарди на медиумите

Британскиот политичар, а воедно и лидер на партијата „The Brexit party“ распали на Твитер со интересна објава каде напиша за двојните страндарди на медиумите.
 

Пред четири години кога победи Трамп, медиумите ни покажуваа сцени од луѓе кои се во шок и плачат. Денеска, по победата на Бајден, се создава слика со која би помислиле дека Исус се вратил, напиша Најџел Фараж на Твитер.

Овој твит доаѓа по големата пропаганда анти Доналд Трамп од страна на социјалните мрежи кои блокираа негови објави, а од друга страна го величеа се‘ она што беше кажано од Бајден.

Познато е дека Најџел Фараж е добар пријател со Доналд Трамп.