Свет 07. март 2021. / 22:40

Најџел Фараж, еден од архитектите на „Брегзит“, ја напушта политичката сцена

Најџел Фараж, еден од архитектите на „Брегзит“, ја напушта политичката сцена

Британскиот политичар и поборник за Брегзит, Најџел Фараж најави дека се повлекува од политиката, како и од функцијата шеф на неговата партија Реформа на Обединетото Кралство.

– Брегзит заврши и нема враќање, изјави вчера Фараж за Телеграф.

Фараж, кој ја водеше кампањата за излегување на Велика Британија од Европската унија рече дека претходно неколку пати планирал да се повлече од политиката, но овој пат навистина ја напушта политичката сцена.

Неговата претходна партија за независност на Велика Британија (УКИП) беше главен поборник за излегувањето на Велика Британија од Унијата по референдумот во 2016 година.

Велика Британија конечно го напушти европскиот блок минатата година, откако преодниот период заврши во декември.

Земјата постигна договор за трговија во последен момент со Унијата кон крајот на 2020 година, но продолжува да се бори со законодавните ефекти од нејзиното излегување.