Бразил го имаше најлошиот ден од почетокот на пандемијата на коронавирусот. Во последните 24 часа, бројот на заболени порасна за 17.408, а регистрирани се 1.179 смртни случаи.
Од почетокот на пандемијата, во Бразил се пријавени вкупно 271.628 заболени, а починале 17.971 лица. Само САД и Русија имаат повеќе потврдени случаи ширум светот.
Експертите се плашат од крах на здравствениот систем поради големиот број на пациенти и забележуваат дека вистинскиот број заразени е многу поголем, а пикот сè уште не е достигнат.
Претседателот на земјата, Жаир Болсонаро, продолжува да ја игнорира опасноста од пандемија.
И покрај постојаниот раст на болните и мртвите, Болсонаро продолжува да бара од гувернерот на неговата земја да ја отвори економијата. Покрај тоа, тој ја нарече пандемијата мал грип и учествуваше на неколку протести на граѓаните во Бразил, со барање за отворање на државата.
Светската здравствена организација ја прогласи Латинска Америка за ново жариште на пандемијата.