Свет 23. мај 2020. / 12:37

Најавата за можност за нова вакцина донесе милионска заработувачка на Волстрит

Најавата за можност за нова вакцина донесе милионска заработувачка на Волстрит

Акциите на американската биотехничка компанија „Модерна“ скокнаа дури 30 проценти, откако беше објавено дека се постигнати ветувачки резултати во потрагата по ефикасна вакцина против корона вирусот.

Финансиски и медицински директори на компанијата Модерна ги продадоа своите акции и остварија вкупна добивка од 27 милиони долари за само 24 часа.

Вкупната пазарна вредност на оваа биотехнолошка компанија се искачи на неверојатни 29 милијарди американски долари, иако фирмата нема свои производи на пазарот.