Бројот на заболени од корона вирусот во Кина се намалува од ден во ден. Моментно, во болиниците се наоѓаат 4.735 лица, додека над 90% од заболените се веќе оздравени, покажуваат податоците на Државниот здравствен комитет на НР Кина.
Според последните податоци, бројот на потврдени случаи на Ковид-19 во континентална Кина 81.171 од кои 73.125 лица се излекувани и испишани од болниците, што претставува 90,13% од вкупниот број случаи.
Од почетокот на епидемијата се регистрирани вкупно 13.370 случаи на инфекција во цела Кина (со исклучок на провинцијата Хубеј), од кои 117 завршиле фатално, што претставува смртност од 0,87%. Во провинцијата Хубеј, жариштето на епидемијата, биле регистрирани 67.801 случаи на инфекција од кои 3.160 лица починале, а смртноста изнесува 4,66%.
Истовремено, смртноста во градот Вухан, во провинцијата Хубеј каде се појави корона вирусот, изнесувала 5,04%. Епидемијата однесе 3.277 животи, а просечната смртност во државата изнесува 4,03%.