Во изминатиот ден, повеќе од 790.000 нови случаи на коронавирус беа потврдени во светот, а речиси 12.500 луѓе починаа, објави Светската здравствена организација (СЗО).
Според СЗО, во последните 24 часа биле регистрирани 790.456 пациенти, а починале 12.454 лица, што го зголеми вкупниот број на заразени на 88,3 милиони, а бројот на смртни случаи на 1,9 милиони.
Најмногу нови инфекции се регистрирани во Јужна и Северна Америка – 444.146, пренесува Taс.