Свет 04. јануари 2021. / 20:32

Над 83 милиони луѓе во светот се заразени со коронавирус

Над 83 милиони луѓе во светот се заразени со коронавирус

Според податоците на СЗО во изминатите 24 часа во светот евидентирани се 740.221 нов случај на коронавирус, а во истиот период починале 12.502 лица.

Со тоа, вкупниот број на заразени лица се зголеми на 83,32 милиони, а починаа 1,83 милиони пациенти.

Најголем број на новоинфицирани лица е забележан во Јужна и Северна Америка, повеќе од 62 отсто, или 477.794. Следува Европа со 165.584 и Југоисточна Азија со 27.828 нови случаи.