Повеќе од 60 проценти од новите случаи на коронавирус регистрирани во Франција се поврзани со мутација на коронавирусот што за првпат беше откриена во Велика Британија, изјави денеска францускиот премиер Жан Кастекс.
-Циркулацијата на вирусот се забрза во последните две недели и јасно е дека тој е поврзан со британската мутација, рече Кастекс на прес-конференција, пренесуваат британските медиуми.
Францускиот премиер додаде дека здравствениот систем се уште е под огромен притисок, иако, како што наведе, нема експоненцијален раст на бројот на заразени лица.
Досега во Франција се регистрирани над 3,8 милиони случаи на коронавирус, додека 87.542 лица ја загубија битката со инфекцијата.