Италијанското здружение на медицински сестри соопшти дека повеќе од 5.000 медицински сестри се заразиле од коронавирус за време на пандемијата.
Нивото на дневно нови случаи кај здравствените работници е и до 250 или повеќе, рече портпаролот на здружението Паоло Дел Буфало. Тој истакна дека две заразени медицински сестри извршиле самоубиство откако дознале дека имаат позитивен тест затоа што биле презаситени од стресот на евентуално заразување на нивните пријатели, колеги и роднини
Просечната возраст на починати медицински сестри е 50-52 години, додаде портпаролот на здружението, додека просечната возраст на оние кои сè уште работат е 46-47 години, со намален ризик да бидат сериозно болни со КОВИД-19.