Свет 12. декември 2018. / 09:33

Над 350 специјалци трагаат по напаѓачот во Стразбур

Над 350 специјалци трагаат по напаѓачот во Стразбур

Неколку стотини припадници на безбедносните сили се мобилизирани ноќеска во потрага по напаѓачот кој уби четири, а рани 12 лица на божикен саем во Стразбур. Владата прогласи зголемено ниво на безбедност во земјата.

Тој пукал во луѓето кои присуствувале на традиционален божикен саем во историскиот дел на Стразбур, кад има голем број туристи. Припадниците на воените патроли го раниле напаѓачот, но тој побегнал и по него се уште се трага.

Во нападот кој се случи синоќа околу 20 часот ранети се 12 лица, од кои шестмина се во критична состојба, изјави на прес-конференција францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер. Францускиот претседател Емануел Макрон го испратил Кастанер во Стразбур веднаш по веста за нападот.

Кастанер вели дека околу 350 лица се вклучени во потрагата за напаѓачот, вклучувајќи и 100 припадници на судската полиција, војската и два хеликоптери.

Министерот вели дека Франција е во состојба на зајакнати безбедносни мерки, што подразбира зајакнување на граничната контрола и засилени контроли на сите божикни саеми за да се спречи нов напад.Според медиумите, напаѓачот и претходно бил под присмотра на полицијата поради сомнежи за екстрезмизам.