Бројот на оздравени од корона вирусот во светот надмина 330.000 луѓе, соопшти сајтот Worldometar. Точниот број лица, кои успеале да го совладаат опасниот вирус изнесува 330.203.
Најголем број оздравени има во Кина-77.279 лица. Следуваат Шпанија-48.021, Германија-46.300, Иран-29.812, Италија-26.491, САД-22.828 и Франција 21.254.
Бројот на заболени од корона вирусот во светот изнесува 1.502.498 лица.