Свет 15. февруари 2021. / 09:04

Над 300 илјади луѓе во светот заразени со коронавирус за 24 часа

Над 300 илјади луѓе во светот заразени со коронавирус за 24 часа

Во светот во изминатите 24 часа регистрирани се повеќе од 300.000 новозаразени со коронавирусот, а бројот на заразени лица од почетокот на пандемијата во светот надмина 108,15 милиони, соопшти синоќа Светска здравствена организација.

Бројот на потврдени случаи се зголеми за 300.530, а починаа уште 7.776 лица.

Во Европа се регистрирани најголем број случаи (122.528), следуваат Северна и Јужна Америка (115.652) и областа на Источен Медитеран (22.938).

Од почетокот на пандемијата, од Ковид-19 во светот починале 2.381.295 пациенти, стои во извештајот на СЗО.