Најмалку 22 деца и четири жени се убиени во воздушен напад што го изврши коалицијата предводена од Судиска Арабија во Јемен, изјавил вчера висок претставник на Обединетите нации за хуманитарни прашања, Марк Лоукок.
„Во друг воздушен напад во населбата Ел Дурајими, јужно од Ходеида, во четвртокот загинаа четири деца“, додал тој.
Во граѓанската војна во Јемен од март 2015 година загинаа околу 10.000 луѓе, десетици илјади се повредени, а повеќе од 2,5 милиони се во бегство.