Свет 29. мај 2018. / 10:03

Над 20 ракети истрелани кон Израел од појасот Газа

Над 20 ракети истрелани кон Израел од појасот Газа

Дваесет и пет ракети биле лансирана утрово кон Израел од територијата на појасот Газа, објави „Ерусалим пост“.

„Системот за противракетна одбрана успеа да ги спречи нападите, при што најмалку две гранати паднаа на израелската почва“, соопшти војската.

Во моментов нема извештаи за повредени или смртни случаи.

Во седум часот по локално време, системите се активирале во повеќе од 20 населби, лоцирани во појасот Газа.