Бројот на случаи со коронавирус во Европа денеска надмина 15 милиони.
Регионот пак забележа нагло зголемување на инфекциите од почетокот на зимата, пријавувајќи нови милиони заразени на секои четири дена.
Европа досега има пријавено најмалку 15.046.656 инфекции и 344.401 смртни случаи предизвикани од новиот коронавирус, што претставува четвртина од регистрираните инфекции и смртни случаи во светот.