Свет 03. ноември 2020. / 17:40

Над 11 милиони заразени со коронавирус во Европа

Над 11 милиони заразени со коронавирус во Европа

Повеќе од 11 милиони нови инфекции на коронавирус се регистрирани во Европа, според официјалните извори, обработени од АФП.

Најмалку 11.008.465 инфекции и 284.148 смртни случаи се пријавени во Европа. Речиси половина од овие случаи се во најпогодените земји: Русија (1.673.686 случаи), Франција (1.466.433 инфекции), Шпанија (1.240.697) и Велика Британија (1.053.864).

Вкупно 46.998.445 заразени и 1.206.930 смртни случаи се регистрирани ширум светот.