Свет 04. март 2020. / 18:49

Над 100 починати од Ковид-19 во Италија

Над 100 починати од Ковид-19 во Италија

Новиот корон авирус однесе 107 жртви во Италија од почетокот на епидемијата. Тоа се новите податоци на властите објавени вечерва.

Бројот на заразени е 3.089, со што Италија е трета во светот по заболени од новиот коронавирус по Кина и Јужна Кореја.

Во изминатите 24 часа починаа 28 лица, а во земјата се идентификувани 587 нови случаи, соопшти службата за цивилна заштита.