Поради наводно поттикнување на субверзија на државни авторитети , кинеската полиција уапси над 100 христијани , меѓу кои и истакнат пастор и неговата сопруга.
Ванг Ји и неговата сопруга Џианг Ронг, како и други членови на цркватас е приведени минатата недела во полициска станица во градот Чангду. Во тој градот Ванг Ји со сопругата раководеле со Протестантска црква.
Според информациите од кинеските медиуми , полицијата им ги блокирала профилите на социјалните мрежи на христијаните , а на црквата и ги прекинала телефонските линии. Кинеските власти немаат одговор на прашањата на ЦНН за апсењата врз основа на религиска припадност.
Западните земји и организациите за заштита на човековите права излегоа со остри осуди за апсењето на верниците , со мислење дека станува збор за силен напад од страна на кинеските власти врз малцинските верски заедници.