Свет 17. март 2020. / 14:05

Над 10 илјади заболени во Шпанија, речиси 500 починале

Над 10 илјади заболени во Шпанија, речиси 500 починале

Во Шпанија се регистрирани повеќе од 10 илјади случаи на заболени од новиот коронавирус, соопшти шефот на здравствената служба Фернандо Симон.

Во Шпанија за едно деноноќие се регистрирани 1337 случаи, и сега бројот на заболени во таа земја изнесува 11.279 и 497 починати. Само во изминатите 24 часа починале 155 лица.

Шпанските власти информираа дека 1028 пациенти се излекувани.