Свет 23. декември 2020. / 11:33

Над 10.000 новозаразени од Ковид 19 во Чешка, ќе се превземаат нови мерки

Над 10.000 новозаразени од Ковид 19 во Чешка, ќе се превземаат нови мерки

Во Чешка во последните 24 часа се потврдени 10.821 нов случај на вирусот Ковид-19, што е прв ден со над 10.000 инфекции од 6 ноември, соопшти Министерството за здравство.

Владата во текот на денот треба да расправа за моменталната состојба и дали ќе биде прогласено петтото, најстрого ниво на мерки против коронавирус, поради зголемениот број инфекции и хоспитализации.

Од почетокот на пандемијата во оваа земја, 10.664 луѓе починале како резултат на вирусот.