Топлотниот бран што ја погоди Северна Кореја доведе до тоа оризот, пченката и другите култури да пропаѓаат во полињата, а последиците од ова би можеле да бидат катастрофални, објавија меѓународните организации „Црвен крст“ и „Црвена полумесечина“.
Се предупредува за опасноста од криза со храна во таа земја, која инаку е оптоварена со меѓународните санкции, објави Ројтерс.
Тоа сè уште не е означено како суша, но оризот, пченката и другите култури веќе почнаа да пропаѓаат во полињата. Не можеме и не треба да дозволиме оваа ситуација да предизвика криза со храна. Знаеме дека претходната суша ја попречи испораката на храна на места што резултираа со сериозни здравствени проблеми за населението – се вели во Црвениот крст.
Според изјавата, населението во Северна Кореја веќе е погодено и ранливо поради недоволната исхрана, особено децата, што може да се влоши.
Северна Кореја ja погоди топлотен бран со температура од 40 степени од минатата недела, што е невообичаено за таа земја.