Според официјалните податоци во САД заразени со коронавирус се 163 429 лица, а бројот на починати надминува 3.000.
Државата Њујорк има најголем број заразени лица – повеќе од 66.000 и 1.243 смртни случаи, а во последните шест часа на секои три минути е забележан по еден смртен случај.
Стапката на смртност е исто така причина што телата на починатите остануваат во становите 24 часа пред да бидат земени од надлежните, а за да се сместат телата 85 фрижидери биле испратени до Големото јаболко, епицентарот на пандемијата.
Телата ќе бидат складирани и во познатата сала за кошарка Медисон Сквер Гарден која имаат настапувано многу светски познати sвезди.
Се очекува во градот да пристигнат и војници кои ќе помагаат во мртовечниците и при погребувањето.
Градот набавил дополнителни 45 ладилници.
Властите во Њујорк очекуваат пикот на пандемијата да биде на 5 април, 35 дена по дијагностицирањето на првиот пациент.