Свет 05. август 2020. / 11:06

На секои 15 минути умира по едно лице од Ковид-19

На секои 15 минути умира по едно лице од Ковид-19

Бројот на смртни случаи од коронавирус во светот надмина 700.000, според податоците на „Ројтерс“.

Најмногу смртни случаи  има во САД, Бразил, Индија и Мексико.

Во просек, речиси 5.900 луѓе умираат од Ковид-19 на секои 24 часа, според проценките на Ројтерс врз основа на податоците од изминатите две недели. Тоа е еквивалентно на 247 луѓе што умираат секој час или еден човек на секои 15 секунди.