Царинските служби на пристаништето во Ротердам откриле 2.020 килограми кокаин сокриен во контејнер со банани. Пратката со банани пристигнала од Еквадор и била наменета за купувач од Унгарија.
Вредноста на запленетиот кокаин се проценува на 151 милиони евра.