Свет 08. октомври 2018. / 10:13

На полумаратон во Велс, починаа двајца натпреварувачи

На полумаратон во Велс, починаа двајца натпреварувачи

За време на полумаратон во градот Кардиф, Велс, двајца мажи учесници во трката починаа, објавија организаторите на маратонот. Како што објави агенцијата „АП“, тие починале поради проблеми со срцето по завршувањето на трката, која се одржа во неделата.

Засега нема официјални инфомрации од организаторите за причините поради кои починале двајцата натпреварувачи.

Според информациите на тамошните медиуми, 32-годишен човек паднал откако ја минал целта, тој паднал пред неговата сопруга и едногодишното дете, додека седум години помладиот натпреварувач починал трчајќи во друштво на неговата девојка.

Локалните медиуми објавија дека другите натпреварувачи, како и медицинскиот тим, веднаш се упатиле да им пружат помош на двајцата мажи, но тие итно биле упатени во Универзитетската болница во Кардиф каде што загинале.

Двајцата, најверојатно починале поради проблеми со срцето.

Организаторите на маратонот по немилиот настан изјавија дека ова се први смртни случаи во 15-годишната историја на одржување на оваа трка.

„Тоа е ужасна трагедија за семејствата на починатите. Ние го искажуваме нашето најдлабоко сочувство за нивната загуба. Службите за итни случаи реагираа брзо и професионално, а сите ние кои сме вклучени во организацијата на полумаратонот сме ужасно потресени”, изјави извршниот директор на трката, Мет Њуман.

Полумаратонот во Кардиф е втор по големина натпревар кој се организира во Велика Британија, а оваа година учествуваа околу 25 000 натпреварувачи.