Свет 26. јули 2018. / 13:36

На плажата затекнале мистериозно животно – луѓето преплашени (ФОТО)

На плажата затекнале мистериозно животно – луѓето преплашени (ФОТО)

На плажата Хигинс на североистокот на САД, морето исфрли мистериозно суштество, кое веднаш го нарекоа чудовиште.

Посетителите на одмаралиштето нашле тело во распаѓање, а една од тимот за надзор и конторла за животни рекла деека изгледало огромно.

Корисниците на социјалните мрежи го опишаа како некој вид вонземјанец, но експертите го идентификуваа како ајкула позната под името Cetorhinus maximus.

Тие изјавија дека можно е некоја бела ајкула да го јадела телото, и дека е можно трупот да пловел низ морето неколку недели.