Свет 09. октомври 2018. / 14:59

На патник во шорцеви саудиска aвиокомпанија не му дозволила влез во авионот

На патник во шорцеви саудиска aвиокомпанија не му дозволила влез во авионот

Авион на „Сауди Арабиан ерлајнс“ одбила да пуштви во својот авион патник кој носел шорцеви затоа што би можел да ги навреди нивните муслимански патници, пренесува „Брејтбарт“.

Џордан Бишоп, соработник на магазинот “Форбс”, планирал да лета од Џакарта до Истанбул преку Ријад со националниот превозник на сунитската исламска држава, меѓутоа, кога се обидел да се качи на летот во главниот град на Индонезија, бил повлечен од страна на еден член на екипажо кој му рекол:

„Не можете да летате со „Сауди“ облечен во шорцеви”.

Откако го замолиле да облече панталони, што тој ги немал, му било кажано дека не му е дозволено да влезе во авионот.

„Кога стана јасно дека немам друга опција освен да најдам панталони, тргнав низ терминалот додека не најдов киоск за продажба на сарони. Го купив првиот што го видов, се вратив на гејтот и го врзав околу половината како здолниште “, вели Бишоп.

„Сауди Арабиан ерлајнс“ е национална авиокомпанија на Саудиска Арабија, која ја следи конзервативната интерпретација на сунитски ислам наречен вахабизам. Во август 2017 година, авиопревозникот го привлече светското внимание кога издаде строг кодекс за облекување за патниците, наведувајќи дека ќе одбие да превезува жени со разголени нозе или раце или кои носат премногу тенка или премногу тесна облека, како и мажи кои носат шорцеви.