Свет 15. март 2019. / 10:51

На оружјето на австралискиот напаѓач постојат натписи на српски јазик

На оружјето на австралискиот напаѓач постојат натписи на српски јазик

На оружјето на австралискиот напаѓач , Брентон Тарант, кој учествуваше во нападот против џамиите во Нов Зеланд, постојат бројни натписи на српски јазик.

Некои од оружјата имаат натписи на германски јазик. Според последните податоци при нападот се убиени најмалку 49 лица, а други 40 се повредени.

Тарант околу вратот го носел нацистичкиот симбол „Црно сонце“. На шаршерите има натписи за српскиот кнез Стефан Лазар, кој загинува при битката со Турците на Косово Поле во 1389 година. Има и натпис за битката кај Виена од 1683 година, кога градот е под османлиска опсада. Тогаш доаѓа и крајот на османлиските освојувања во Европа.

Брентан Тарант има 28 години, роден во Австралија. Пред да отвори оган во џамија во новозеландскиот град Крајстчрч, Тарант објавува свој манифест на Твитер. Неговиот наслов е „Големата замена“ и претставува 37 страници, во кои стрелецот ги објаснува причините. Тој се дефинира како обичен бел човек од Австралија од сиромашно работно семејство.

Јас имав нормално детство без сериозни проблеми, пишува тој, по што додава дека нема универзитетско образование, поради недостаток на интерес за такви работи.

Тарант ги објаснува мотивите за нападот на следниов начин: „Најмногу сакам да покажам дека нашата земја никогаш нема да биде нивна, дека нашата татковина си е наша, се додека таму живее бел човек. Тие никогаш нема да ги заземат нашите територии и тие нема да нè заменат!“

Тарант додава дека ова е напад, за кој смета дека е герилска акција против окупаторски сила …

Јас сум само еден обичен бел маж, кој реши да гокаже својот став, пишува тој.

Манифестот, исто така, ја споменува употребата на огнено оружје. Атентаторот сака да испровоцира уште пожестока дебата во САД за правата за поседување оружје. Тој изрази надеж земјата да биде зафатена од граѓанска војна, што ќе доведе до нејзино „распаѓање“.

Тарант пишува дека е поддржувач на Трамп, за кого мисли дека е „симбол на преродениот идентитет на белата раса и нејзината заедничка цел“.