Парламентот на Нов Зеланд гласаше за еутаназија , со што е овозможенио следната година да се одржи и национален референдум по ова деликатно прашање.
Законот ќе им овозможи на терминално болните лица со помалку од шест месеци живот , можност да изберат асистирано умирање доколку биде одобрено од двајца доктори.
Предлог-законот беше усвоен со 69,61 проценти од гласовите, со што завршуваат долги години жестока парламентарна расправа на оваа тема.
Премиерката Џасинда Ардерн ги поддржа иницијативите за реформа во еутаназијата.
Според неодамнешната анкета, 72% од новозеланѓаните поддржуваат некаков вид на асистирано умирање.
Од 2017 година, имало осум парламентарни дебати и рекордни 39.000 поднесоци од јавноста за нацрт-законот за избор на крајот на животот.
Иако има широко распространета поддршка за реформата во еутаназијата, има и гласно спротивставување.
Додека гласаа пратениците, пред парламентот демонстранти носеа плакати на кои пишуваше „ни помагаат да живееме, а не да умреме“ и „еутаназијата не е решение“ .
Жителите на Нов Зеланд ќе гласаат за законот за еутаназија на референдум во 2020 година. Второто референдумско прашање, за рекреативна употреба на канабис, ќе биде напишано на истото гласачко ливче.