По воената парада и положувањето венци на Споменикот на незнајниот јунак, во Москва започна маршот на Бесмртниот полк, при што илјадници луѓе излегоа на улиците на Москва.
И на маршот, како и на воената парада и положувањето венци, присуствуваа српскиот претседател, Александар Вучиќ, и премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, кои стоеа покрај претседателот на Русија, Владимир Путин.
Традиционално, претседателот и гостите носеа фотографии од своите предци, при што Вучиќ ја држеше фотографијата на својот дедо, кој бил убиен од усташите, а Путин маршираш со сликата од својот татко.
Претходно, на воената парада на московскиот Црвен плоштад дефилираа повеќе од 13.000 војници, а руската војска покажа 150 парчиња современо вооружување и воена техника, како и 75 авиони и хеликоптери.