Свет 13. февруари 2020. / 13:58

На Малта се уапсени повеќе од половина сообраќајни полицајци

На Малта се уапсени повеќе од половина сообраќајни полицајци

На Малта се уапсени повеќе од половината сообраќајци поради наводни измами со евидентирањето на прекувремената работа, соопшти полициската управа на земјата.

Според Ројтерс, поради масовното апсење во вторникот, врвот на полицијата морал да направи вонреден план со кој би било обезбедено неопходното присуство на сообраќајци на улиците.

Во официјалното соопштение на полицијата се наведува дека 30-тина сообраќајци од вкупно 50 колку се во составот на сообраќајната полиција, биле подложени на испрашување во одделот за економски криминал, поради обвинувања дека во последните три години пријавиле стотици часови непостоечка прекувремена работа.

Некои од нив се обвинети за проневера и ненаменско трошење гориво за лични потреби.

Полицијата соопшти дека поранешни припадници на сообраќајната полиција, ангажирани на други работи, биле замолени да се јават на старата должност.

Премиерот Роберт Абела оцени дека добро тоа што полицијата спроведува внатрешна истрага.

Тоа потврдува дека нашата полиција е функционална. Ако ваквите истраги доведат до луѓе кои заслужуваат дисциплински мерки или да бидат изведени пред суд, тоа и ќе се случи, кажа тој.