Свет 18. ноември 2019. / 09:40

На изборите во Белорусија не е избран ниту еден опозициски пратеник

На изборите во Белорусија не е избран ниту еден опозициски пратеник

Ниту еден кандидат на опозицијата не е избран во белорускиот Парламент, покажуваат официјалните резултати од парламентарните избори.

Сите 110 пратеници се од партии лојални на претседателот на земјата Александар Лукашенко, кој е на власт близу четврт век.

Досега, опозицијата имаше само две места во Претставничкиот дом, но на изборите остана и без нив.

Лукашенко објави и дека планира да се кандидира за претседател на изборите во 2020 година. Тој рече дека изборите најверојатно ќе се одржат во текот на летото следната година.

Лукашенко е првиот и се уште актуелен претседател на Белорусија, од нејзиното осамостојување од СССР во 1994 година. Првиот мандат го доби на изборите одржани на 10 јули 1994, вториот во септември 2001, третиот во март 2006, четвртиот во декември 2010 и петтиот мандат во октомври 2015 година. За да биде избран повеќе од двапати, тој организираше референдум во земјата во октомври 2004 година.