Дневниот број на починати од корона вирус во Италија порасна во однос на претходниот ден, но е намален бројот на новозаразени. Во последните 24 часа во оваа земја починале 111 лица, додека вчера регистрирани се 87 смртни случаи.
Забележани се 416 нови случаи на инфицирани, 100 помалку од вчера, пренесува Ројтерс.
Во Италија од почетокот на пандемијата заразени се вкупно 232.664 луѓе, а починати се 33.340.
Италија по бројот на смртни случаи е трета во светот, а по бројот на заразени е шеста.