Филмскиот продуцент Харви Вајнстин е обвинет за силување и кривични сексуални деликти, објави окружниот обвинител за Менхетн Сајпрус Венс, пренесува Ројтерс.
Ова е првиот случај што произлезе од низата обвинувања за сексуални деликти против 66-годишниот основач на филмското студио Мирамакс и компанијата Вајнстин ко.
„Ова обвинение за уште чекор го приближува обвинетиот до шансата да сноси одговорност за кривичните дела за кои сега е обвинет“, изјави Венс. Според него, Вајнстин е обвинет за силување од прв и трет степен и казнени сексуални деликти од прв степен.
Бен Брафман, првиот човек на адвокатскиот тим на Вајнстин, кажа дека неговиот клиент ќе се изјасни како невин и дека „енергично ќе се брани против неоснованите обвинувања кои решително ги негира“.
Ако се прогласи за виновен за најтешките точни од обвинувањето, на Вајнстин му се заканува затвор од пет до 25 години.