Свет 30. октомври 2018. / 13:21

На границата со Мексико тргнаа 5200 американски војници

На границата со Мексико тргнаа 5200 американски војници

Американската војска ќе распореди 5.200 војници, вклучувајќи и оние под оружје, на границата со Мексико за да ги појача напорите на американскиот претседател Доналд Трамп подобро да ја обезбеди американско-мексиканската граница, изјави шефот на американската воена Северна команда, генерал Теренс О’Шонеси.

„Мислам дека претседателот јасно рече дека безбедноста на границата е прашање на националнаа безбедност“, рече генералот О’Шонеси.

Трамп вчера на Твитер напиша дека миграцискиот караван е „инвазија врз САД“, наведувајќи дека „многумина се членови на криминални кланови и некои се многу лоши луѓе се во караванот кој оди кон јужната граница“ на САД.

„Ве молам, вратете се, нема да бидете примени во САД додека не го поминете законски предвидениот процес. Ова е инвазија врз нашата земја и нашата војска ве чека“, напиша американскиот претседател.