Свет 23. јуни 2020. / 10:24

На годинешниот аџилак во Мека без странски поклоници

На годинешниот аџилак во Мека без странски поклоници

Саудијска Арабија го забрани присуството на странски поклоници на годинешниот аџилак во Мека. Мерката е да ограничи ширењето на корона вирусот.

Според традицијата, во Мека на поклонение се собираат над два милиони луѓе од целиот свет. Годинава само на државјани на други држави, кои моментно престојуваат во Саудијска Арабија, ќе им биде овозможено да го извршат верскиот ритуал.

Во кралството се регистрирани 161.000 случаи на корона вирусот, а бројот на починати изнесува над 1.300 лица. Карантинот беше укинат минатата недела.