Свет 24. јули 2020. / 12:46

На Флорида уапсен човек кој извадил пиштол кога го замолиле да стави маска

На Флорида уапсен човек кој извадил пиштол кога го замолиле да стави маска

Човек во САД е уапсен откако вперил пиштол кон купувач, кој го замолил да стави маска додека се наоѓа во продавницата каде што двајцата пазарувале.

Инцидентот се случил во маркет на Волмарт во Палм Бич на Флорида.

Од канцеларијата на шерифот на Палм Бич, соопштија дека Винсент Скавета (28) е уапсен за напад со смртоносно оружје и недозволиво покажување на огнено оружје.

Добредојдовте во затворот во Палм Бич, синко. Ова нека ти биде лекција. Можеше да заврши и полошо – се вели во објавата на нивниот Твитер-профил.

Волмарт, најголемиот светски ланец за малопродажба, од 20 јули бара од сите луѓе во нивните продавници да носат маски.