Свет 22. декември 2018. / 22:19

На екскурзија загинаа 23 ученици и нивните наставници

На екскурзија загинаа 23 ученици и нивните наставници

Меѓу загинатите 23 лица , има најмногу средношколци , кои биле на наставно патување.

Најмалку 23 лица загинаа во Непал, кога автобус што превезувал средношколци и нивните наставници , кои биле на ботаничко патување ,пропадна во бездна. Автобусот во еден момент паднал во клисура длабока 700 метри.

Уште 14 лица се повредени во несреќата во областа Данг, во западен Непал.Меѓу жртвите се и двајца наставници и возачот на автобусот.

Причината за несреќата се уште не е позната. Полицијата соопшти дека во автобусот имало 37 патници од средното училиште во местото Гораи.