Свет 03. август 2018. / 15:52

На една од најпознатите плажи на Медитеранот ајкула предизвика паника (ВИДЕО)

На една од најпознатите плажи на Медитеранот ајкула предизвика паника (ВИДЕО)

Туристите во паника бегале пред огромната ајкула што се појавила близу плажата Мајорка во Шпанија.

Меѓу капачите имало и многу деца , а нивните родители со врисоци ги извлекле од морето. Ајкулата најверојатно заскитала следејќи некоја од јахтите , но набргу по паниката угинала.

Спасувачите здогледале ајкула долга околу три метри и ги предупредиле капачите веднаш да се евакуираат . Животното пливало на само пет метри од капачите , но наскоро угинало .

Во меѓувреме , сите туристи биле евакуирани. Најверојатна причина за смртта на ајкулата е недостатокот на кислород во плитките води . Двајца научници биле повикани на помош , но можеле само да го извлечат животното .