Најмалку 19 лица загинаа поради невообичаеното топло време што ја зафати канадската провинција Квебек минатата недела, јавија локалните медиуми.
Претставници на здравствените власти соопштија дека 12 од жртвите се во најголемиот град во провинцијата, Монтреал.
Температурите во текот на денот достигнуваат 30 до 40 степени Целзиусови.
Властите претходно предупредија дека ризичните групи се луѓе со хронични болести, ментални нарушувања, самци и луѓе кои поминуваат многу време во простории без климатизација. Последниот ваков топол бран во Монтреал е забележан во 2010 година, кога починаа 106 луѓе.
Метеоролозите предвидуваат дека температурите ќе се намалат во петок, а постудениот бран ќе стигне само до источна Канада.
Додека пак во АвстралијаТопењето на асфалтот ги принуди возачите да ги напуштат своите возила откако на гумите од возилата им се залепил катран, пренесуваат австралиските медиуми.
Околу 50 возачи треба да добијат надомест за инцидентот во Квинсленд, пренесуваат медиумите.
„Никогаш не сум видел нешто слично и кога извештаите почнаа да доаѓаат вчера, тоа беше неверојатно”, изјави за Еј-би-си локалниот градоначалник Џо Паронела.
Според информациите, причина за инцидентот е промената на времето и оштетувањето на патот, откако претходно минатата недела бил затворен. Локалните жители изјавиле дека големите количини катран се залепиле на возилата поради топлото време што следело по неколку постудени денови и дожд.
Веднаш по инцидентот, патот бил затворен за сообраќај, а Министерството за транспорт соопштило дека компензација ќе добијат сите оние чии возила се оштетни.
‘Melting road’ damages cars in Australia https://t.co/Kjf5C3c5EO
— BBC News (World) (@BBCWorld) July 5, 2018