Свет 05. мај 2020. / 12:14

На Австријците им се уарни: Сакаат да работат од дома и по завршување на пандемијата

На Австријците им се уарни: Сакаат да работат од дома и по завршување на пандемијата

Откако австриската Влада во средината на март воведе ограничувања во слободата на движење поради епидемијата на Ковид-19, голем број Австријци работат од дома, а тоа им одговара на граѓаните.

Резултатите од најновите истражувања покажуваат дека седум од десет Австријци кои работат од дома истакнале дека сакаат така да работат и во иднина.

Вкупно една четвртина од Австријците од почетокот на забраните работеле од дома, а 40 отсто од нив никогаш порано не го правеле тоа.

По еден месец на новата пракса, меѓу граѓаните владее задоволство, затоа што 86 отсто од жителите на Австрија истакнале дека успеале  да се снајдат работејќи од дома.

Околу 60 проценти од населението е уверено дека биле попродуктивни од дома, отколку кога биле во канцеларија.

Исто така, 70 отсто Австријци истакнале дека работата од дома е позабавна и сакаат таа можност да ја користат почесто и по пандемијата.

Меѓутоа и една третина од Австријците кои работеле од дома истакнаа дека не можеле да се сконцентрираат.

Истражувањето покажало дека голем дел од населението на Австрија  поради страв од  зараза, ќе користи сопствен превоз наместо јавниот превоз.