Пензионерка која живее во домот за стари лица во Лос Оломос во Гвадалахара, стана првата личност во Шпанија која е вакцинирана против Ковид-19.
Со нејзината кратка бела коса, 96-годишната Арацели Идалго, која живее во домот за пензионери, стана полека откако го засука ракавот и се оддалечи од помагалото за движење, во настан што беше пренесуван на националната телевизија.
-Ништо не почувствував од инјекцијата, изјавила Идалго со насмевка на лицето откако била вакцинирана.