Свет 24. јануари 2020. / 13:00

На 51-годишна возраст почина извршниот директор на Светската здравствена организација

На 51-годишна возраст почина извршниот директор на Светската здравствена организација

Извршниот директор на Светската здравствена организација, Австралиецот Питер Салама, почина на 51-годишна возраст, соопшти на Твитер генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејсус.

– Длабоко сум затечен од изненадната смрт на мојот пријател и колега Питер Салама. Сочуство до семејството, колегите и пријателите на Питер – напиша д-р Гебрејсус.

Салама, лекар-епидемиолог, во СЗО се приклучи во 2016 година. Пред тоа тој работел во Детскиот фонд на ОН, во „Лекари без граници“ и во „Консерн ворлдвајд“ (Concern Worldwide), каде што учествувал во мисии во повеќе африкански и азиски земји.