Свет 12. јуни 2018. / 15:14

На 13 години е херој: Примети дека дете е на дното од базенот и не се двоумеше (ВИДЕО)

На 13 години е херој: Примети дека дете е на дното од базенот и не се двоумеше (ВИДЕО)

Тринаесетгодишното момче го слават како јунак откако спасило друго дете од давење, пишува „Mirror“.

Коди Рунјон пливал во градскиот базен во Рочестер во Минесота, кога забележал дете како лежи онесвестено во дното на базенот. Видео снимката покажува како Коди нурка во водата, а потоа излегува со детето во раце.

-Нурнав и одеднаш, го видов како лежи доле без свест на длабочина од метар ипол. Го зграбив околу половината и главата му падна преку моето рамо, па почнав да го кревам, вели Коди.

Уште едно дете му помогнало да го извадат на работ на базенот, каде Дезире Паско веднаш почнала со оживување на детето. Инаку, на базенот немало немало официјален спасувач.

-Да гледаш како дете од тотално модра добива малку розова боја е прекрасно чувство, рекла Паско и додала дека 13-годишниот Коди е вистински јунак на ситуацијата.